Девизните резерви и натаму се намалуваат под влијание на сезонски фактор и се движат по проектираната патека, а показателите за адекватноста на резервите и понатаму се во сигурната зона, односно укажуваат на доволно девизни резерви за справување со евентуални, непредвидени шокови. Ова се наведува во соопштението на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) објавено во средата пос едницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на која биле разгледани најновите макроекономски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Притоа било констатирано дека движењата на девизниот пазар биле под влијание на вообичаените сезонски фактори.
Девизните резерви и натаму се намалуваат под влијание на сезонски фактор и се движат по проектираната патека, а показателите за адекватноста на резервите и понатаму се во сигурната зона, односно укажуваат на доволно девизни резерви за справување со евентуални, непредвидени шокови.
Ова се наведува во соопштението на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) објавено во средата пос едницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на која биле разгледани најновите макроекономски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Притоа било констатирано дека движењата на девизниот пазар биле под влијание на вообичаените сезонски фактори.
„Имено, проекцијата за билансот на плаќања од октомври упати на потреба од финансирање на дел од дефицитот во тековната сметка преку девизните резерви во првата половина од годината, по што согласно со проектираните текови се очекува нивно зголемување“, се наведува во соопштението.
На седницата биле разгледани и најновите податоци за екониомската активност, кои упатуваат дека во рпвиот квартал од годината се задржани поволните трендови од 2013 година, кога е забележано солидно закрепнување на домашната економија, со остварен реален раст на БДП од 3,1 отсто.
Показателите за индустријата и градежништвото покажуваат понатамошен раст на активноста во овие сектори, во услови на постепено закрепнување на странската побарувачка, раст на активноста на новите капацитети и фискален стимул во градежниот сектор.
Инфлацијата се уште забавува на годишна основа, а просечната инфлација за првите три месеци и натаму е стабилна и изнесува 0,6 отст.
Првичните податоци за кредитниот пазар за март упатуваат на понатамошно зголемување на кредитната поддршка на економијата преку банкарски кредити и забрзување на месечниот и годишниот раст на кредитите.
Притоа, на кредитниот пазар имаше кредитни текови насочени кон двата сектора, претпријатијата и населението, со поголем придонес на корпоративниот сектор. Остварената кредитна активност е поголема во однос на очекувањата од октомвриската проекција.
Сепак, и натаму постојат надолни ризици околу кредитниот раст до крајот на годината, коишто се поврзани со согледувањата на банките за ризикот на побарувачката и конзервативните стратегии на големите банкарски групации коишто со своите банки-ќерки се присутни на домашниот пазар.
Ликвидноста на банките во март се намали под влијание на сезонските фактори, што услови зголемено меѓубанкарско тргување на пазарот на депозити, особено со рочност до 1 месец.
Последните оцени покажаа дека поддршката на економијата преку досега извршеното монетарно олабавување е доволна, во услови кога реалниот сектор на економијата заздравува со предвиденото темпо, а кредитната поддршка на банките е засега подобра од оцените.
Имајќи ги предвид најновите макроекономски и пазарни показатели, на седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено да се задржи тековната монетарна поставеност и на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари), со непроменета каматна стапка на нивото од 3,25%, се наведува во соопштението.